Откако успешно ги помина лекарските прегледи на Мелвуд, Такуми Минамино е нов играч на Ливерпул. Трансферот од Салцбург е 7.25 милиони фунти, а Минамино потпиша 4.5 годишен договор со фудбалскиот клуб Ливерпул.
Ливерпул добива 24 годишен играч, кој доаѓа од тим кој развива одлични таленти (Кеита и Мане) со репрезентативно и искуство во Лигата на шампионите. Дополнително, играч кој може да игра на трите офанзивни позиции во нападот и на позиција 10ка, играч кој нон стоп работи и помага во одбрана. Играч по точна мерка на Клоп! Неверојатна зделка!, пишуваат Macedonian Reds
Јирген Клоп за новото засилување изјавува: „Тој е многу брз, многу паметен играч, кој знае да најде простор меѓу линиите. Храбар е со топка, но храбар е и без топка – вистински тимски играч. Тој секогаш го вади најдоброто од себе, работејќи за другите.”
„Ова беше мојот сон, сонував да играм за Ливерпул. Премногу сум возбуден што конечно тоа се оствари. Никогаш не помислував дека ќе бидам во можност да играм за овој тим и навистина сум пресреќен. Со нетрпение чекам да почнам да играм за Ливерпул.” – вели Такума Минамино.
Ј. Ѓорѓиоски