Нов заем на државата за системи за наводнување и енергетски ефикасни студентски домови.
Државата се задолжува кај германска банка за да гради системи за наводнување и да ги реконструира државните студентски домови во енергетски ефикасни објекти. За проектот за наводнување се наменети 110 милиони евра, додека за студентските домови 25 милиони евра.
Реконструкцијата на седумте државни студентски домови ширум земјава се очекува да заврши во 2024 година.