ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со ваква младина – оф-ле-ле иднина!

Младите над 18-19 години старост е точно генерацијата која општествено созреваше и образовно и политички се обликуваше во најлошите години од изминатата деценија на претходната власт. Беа изложени на познатата жестока државна националистичко-патриотска пропаганда, од социо-инженерскиот проект на г. Груевски. Или, поедноставено, на оние содржини од кои денеска се скандализира јавноста во оној неславен, простачки учебник по Социологија за кој деновиве се дигна толкава „прашина“ во јавноста.

December 19, 2019 09:12
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Доколку не ви е јасно во која насока, на краток и среден рок, се движи македонското општество, а со тоа и земјата, ви препорачувам барем површно да ги консултирате вчера претставените резултати од истражувањето правено пролетоска од страна на Младинскиот образовен форум и британската Вестминстер Фондација за општествено-политичката вклученост на младите (15-29 години старост) во животот во земјата.

Сосема на кратко, и по мој (ненаучен) избор, од резултатите од тоа истражување би ви ги пренел податоците за тоа дека само 3% од анкетираните млади се чувствуваат задоволни со своето место во општеството; двајца од тројца уште утре би се иселиле од земјава; 59% сметаат дека во политиката не треба да влегуваат луѓе со хомосексуална ориентација; дури 35% (подеднакво машки и женски младинци) сметаат дека мажите се подобри политичари од жените; неверојатни 84% сметаат дека земјава треба да се владее и да биде предводена од лидер „со цврста рака“; 80% од младите сметаат дека општеството им нуди мали или никакви перспективи; над 60% сметаат дека сегашната Влада не ги адресира нивните проблеми – но дури 65% одговориле дека секогаш гласаат на избори, плус 20% дека гласаат понекогаш…

И овие и сите други песимистички, конзервативни или директно авторитарни политички ставови кај младите во ова истражување се со значително повисока статистичка застапеност кај етничките Македонци, за разлика од нивните врсници од друго етничко потекло, пред сè, Албанците.

Нормално, во врска со овие податоци некој ќе викне „На здравје!“, друг „Браво!“, но се надевам дека мнозинството сепак ќе остане замислено. Грубо речено, повозрасните меѓу овие анкетираниве (над 18-19 години старост) е точно генерацијата која општествено созреваше и образовно и политички се обликуваше во најлошите години од изминатата деценија на претходната власт. Беа изложени на познатата жестока државна националистичко-патриотска пропаганда, од социо-инженерскиот проект на г. Груевски. Или, поедноставено, на оние содржини од кои денеска се скандализира јавноста во оној неславен, простачки учебник по Социологија за кој деновиве се дигна толкава „прашина“ во јавноста.

Ова не се оправа ни за две, ни за пет, а можеби ни за десет години. Под услов некој и да почнал да работи на „поправката“, а не сум сигурен дека е тоа така.

Што е право, сите сме биле млади и знаеме колку сме биле и глупави и незрели и збунети, но секогаш со поголем оптимизам за иднината и со изворна желба за слободарство и бунт кон постарите и поискусните и нивната желба за одржување на статус-квото на општеството.

Денеска, ние, постарите, треба да ги убедуваме помладите дека толеранцијата и слободата се поважни од полниот стомак и „цврстата рака“. И дека не се мери сè во пари и убавина! … „Се мери, се мери“, цинично извикува мнозинството од анкетираниве младинци.

Ха-ха-ха-ха, татко ми има 90 години, мајка ми 85, ќе треба деновиве да одам и да им се извинам за долгите дебати во кои се расправавме за политичките ограничувања на комунизмот, наспроти подемократските, либерални политички модели! Па, и во социјализмот повеќе научивме за слободата и демократијата, од ова што им се нуди, а што се подготвени да го „проголтаат“ денешниве млади.

Со ваква младина – оф-ле-ле иднина! А им оставиме општество во полоша состојба од она коешто ние го наследивме.

Ајде, родители, наставници, новинари и општественици, продолжете си мирно со петпарачките расправии по Фејсбук, има кој друг да им бере гајле на децата…


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk