ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Агенција за пошти: Не треба да се менува датумот за либерализација на поштенскиот пазар

Со предложените законски измени што се во собраниска процедура се предвидува повторно, петто одложување на либерализацијата на пазарот на поштенски услуги до 1 јануари 2021 година.

December 20, 2019 16:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за пошти смета дека утврдениот датум (1 јануари 2020 година) за либерализација на поштенскиот пазар не треба да се менува, рече директорката на АП Билјана Аврамовска Ѓореска денеска на 14.  јавна седница на регулаторното тело за поштенската област.

Со предложените законски измени што се во собраниска процедура се предвидува повторно, петто одложување на либерализацијата на пазарот на поштенски услуги до 1 јануари 2021 година.

Аврамовска Ѓоревска најави дека АП следната година ќе иницира измени и дополнувања на Законот за поштенски услуги до надлежното Министерство за транспорт и врски со цел да се подобри регулаторната рамка. Меѓу останатото регулаторот смета дека експлицитно треба да се вклучат одредби за гарантирањето на слободната конкуренција и обезбедување на универзалната поштенска услуга како едни од главните цели во Директивата за пошти. За ова, истакна директорката, неопходно е да се укине законски резервираната област.

– Укинувањето на резервираните услуги ќе значи зголемена конкурентност на пазарот, а поттикот кој доаѓа од технолошкиот напредок и дерегулацијата ќе резултираат со попристапни цени за крајните корисници, што во услови на глобален поштенски пазар ќе претставува есенцијална мерка со која крајните корисници нема да бидат изолирани од придобивките на рапидните промени на светско ниво, наведе Аврамовска Ѓоревска.

Таа дополни дека согласно со последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон полноправно членство во ЕУ, целосното отворање на поштенскиот пазар ќе претставува и исполнување на препораката за завршување на целосната либерализација на поштенскиот пазар.

Корисниците се повеќе имаат потреба од прилагодени, предвидливи, доверливи и брзи услуги и овој тренд, според регулаторот, е прифатен од поштенските оператори во изминатите години.

АП  годинава издала 12 општи овластувања, од кои 10 се на нови старт ап компании, а две на постојни даватели кои ја прошириле мрежата на работа, додека три фирми го изгубиле статусот за поштенски услуги.  Поднесени се 31 претставка од корисници на поштенски услуги, од кои 21 од  физички лица, а 10 од правни лица и на сите е одговорено во пропишаниот рок.  Според основот на поднесување, оваа година забележан е пораст на претставки во кои различни подносители се жалат на работењето на давател на поштенски услуги. Во осум претставки предмет на незадоволство се пратките со откупнина.

– Конкретно, корисниците во својство на испраќачи се жалат дека поштенскиот операторот откако ќе ја изврши поштенската услуга ( ќе ја достави пратката до примачот) на испраќачите не им ја предава откупнината која што е претходно наплатена од примачите. Овој дел од услугата не е поштенска услуга, туку станува збор за финансиско побарување кое произлегува од меѓусебен договор помеѓу испраќачот и давателот на поштенски услуги, информира директорката на Агенцијата за пошти.

Заради заштита на корисниците на поштенски услуги, Агенцијата им препорачува и укажува на поштенските даватели да ги исполнат своите финансиски обврски кон испраќачите.

Ваквото искуство,  според Аврамовска Ѓореска, иницира соработка со Управата за јавни приходи, со цел сеопфатна и делотворна регулација на работењето на давателите на поштенските услуги во делот на услугите за т.н. поштенски пратки со откупнина. Пазарот на услугите за пакети кај кои што, поштенскиот оператор од примачите ја наплаќа во кеш стоката што се доставува, повеќе години покажува тренд на раст, но трансферот на готовината (парите од примачите) до испраќачите, за жал ,се уште е најслабата алка од услугата. Резултат од соработката со УЈП треба да биде изнаоѓање решенија за унапредување на регулативата за да се создаде посоодветна и сигурна деловна клима за раст на пазарите на поштенски услуги за пакети, смета директорката на АП.

Податоците за обемот на поштенскиот пазар покажуваат дека во државава има 18,7 пратки по глава на жител. Лани имало 39.025.313 поштенски пратки  за 3,87 проценти помалку споредено со 2017 година.

На поштенскиот пазар во државава моментно работат 41 лиценциран давател на поштенски услуги, од кои 40 фирми со општо овластување за обезбедување поштенски услуги, како и АД Пошта на Северна Македонија Скопје кои имаат индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга. Тие имаат ексклузивно право да обезбедуваат пратки за коресподенција во внатрешниот поштенски сообраќај и пратки кои пристигнуваат во државава од меѓународен поштенски сообраќај со тежина до 50 грама.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk