ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Регистар на вистински сопственици од февруари следната година

Демо верзијата на регистарот се очекува да биде готова до средината на следниот месец,

December 20, 2019 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Централниот регистар најави дека на почетокот на февруари  следната година ќе го стави во функција регистарот на вистински сопственици којшто ќе покажува каде некој има сопственост, удел и колкав е тој удел, како обврска од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Секој потенцијален субјект законски е обврзан да пополни  соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор. Секој удел на физичкото лице во кој било правен субјект, без оглед дали е два, пет, 50 или 100 проценти треба да биде внесен во регистарот.

Демо верзијата на регистарот се очекува да биде готова до средината на следниот месец, а веќе од официјалниот старт на почетокот на февруари почнува законскиот рок од три месеци субјектите да ги пополнат потребните податоци.

– За субјектите кои веќе постојат ќе треба сметководителот да го изврши ажурирањето односно  да се полни регистарот на вистински сопственици. Рокот на полнење е три месеци. По тие три месеци тој што нема да ја  пополни потврдата за вистински сопственик ќе биде казнуван со закон,  информираа на средба со новинари од Централниот регистар.

За иницијална регистрација кога се регистрира нов правен субјект ќе треба во рок од осум дена да пополни пријава за вистински сопственик за да може да се ажурира во регистарот на вистински сопственици.

Регистарот  на вистински сопственици требаше да воспоставен до 1 ноември годинава, но поради административни процедури задоцнило потпишувањето на договорот и примената на регистарот што е донација од герамнски ГИС.

Сопственичката структура во регистарот ќе биде исто така јавно достапна како и останатите податоци од Централниот регистар.

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со кој се предвидува воведувањето на регистарот е усогласен со ЕУ-директивите.

Според најавите, до крајот на првиот квартал следната година Централниот регистар ќе пушти нов портал, со кој ќе биде применет проектот на отворено владино партнерство и преку него ќе бидат отворени за јавноста поголем број податоци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk