ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џохар Дудаев за нов претседател на Врховен!

Дигнете раце од идејата дека судиите имаат капацитет сами да се реформираат или дури и да предложат реформски модели што би функционирале. Тоа мора да се направи со политичка, меѓународна или воена интервенција од страна, по можност да се внимава да не дојде до голем број цивилни жртви по судовите

December 21, 2019 09:32
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Во последните години, поминавме низ различни фази од нашата колективна разочараност со состојбите во правосудството. Бевме лути и бесни, па депресивни и разболени, повремено еуфорични и во надежите и во поразите… Сега, претпоставувам, влегуваме во фаза на летаргија, во која никој повеќе ништо крупно не очекува, освен што глумиме повремена шокираност со уште некој мал, голем, среден, секојдневен правосуден скандал.

Земете ги, на пример, двете вчерашни вести: и случајот „ТНТ“, после пар години напорно судење, најверојатно ќе стартува од почеток, бидејќи судијата нема начин како да ги блокира опструкциите и административните трикчиња на одбраната; а и претседателот на Врховен суд нема кој да го суди, бидејќи и таму административните трикчиња спречуваат со месеци да се испитаат сомневањата за бројните злоупотреби на човекот кој е јавен синоним, со дистинктивен прекар, за очајната состојба во која се наоѓа правната држава во Македонија.

Кои се поуките од овие состојби?

Прво, има директни кривично-правни поуки. На пример, ако крадете, никако под неколку милиони евра! За илјадници евра, за сто-двесте евра особено, релативно брзо се оди на повеќегодишна робија… Или, ако бесправно рушите, само со индустриски експлозив! Ни случајно со копач и чекан, за тоа ќе заглавите барем неколку месеци, со надоместок на штета со големи камати… Или, ако илегално прислушувате, не под десетина илјади телефони! За два-три ве апсат веднаш, а после го мерите дворот на Идризово со години… И така натаму.

Второ, дигнете раце од идејата дека судиите имаат капацитет сами да се реформираат или дури и да предложат реформски модели што би функционирале. Тоа мора да се направи со политичка, меѓународна или воена интервенција од страна, по можност да се внимава да не дојде до голем број цивилни жртви по судовите.

Трето, никогаш опозицијата и власта самите нема да се согласат за моделот и исходот од реформата. Подобро е уште веднаш да почне да се работи на организирање тајни политички преговори во Осло, со посредство на некој како прерано починатиот чеченски генерал Џохар Дудаев, а под спонзорство на Хашкиот трибунал за воени злосторства. Задолжително во преговорите да се вклучи и францускиот амбасадор Тимоние, како глас на разумот и промотор на вистинските европски вредности.

Четврто, за реформите, какви и да се договорат, на крајот во практика навистина да профункционираат, предлагам да се донесе посебен закон со кој ќе се предвиди на секој судија кој ќе пријави дека е цел на коруптивни понуди, државата да му ја исплати митаџиската сума, плус 10 отсто повеќе, само за да суди по Закон! Мислите дека тоа скапо ќе нè чини?! Па, гледајте како поминуваме со евтиниве варијанти… Тие се секогаш најскапи.

Петто, на судиите и обвинителите, барабар со адвокатите, да не им се испитува потеклото на имотот. Побрзо и поедноставно е сите да се стават на детектор за лаги за да одговорат на по едно прашање: „Дали во својата работа некогаш свесно сте го прекршиле Законот?“… На сите што ќе одговорат со НЕ веднаш да им се одземат лиценците за работа, врз основа на паѓање на тестот за личен интегритет. Оние десетина што ќе одговорат со ДА, врз основа на демонстрираниот беспрекорен морален кредибилитет (правник не смее да лаже!), веднаш да се распределат во Комисијата за испитување на работата на претседателот на Врховниот суд.

Конечно, доколку овие поуки за ништо не послужат и ако од нив не се извадат вистинските заклучоци за натамошните „мерки и активности“ за реформи во правосудството, можеби не ни останува ништо друго, туку да се откажеме од континенталниов правосуден модел и да го воведеме моделот на судење со граѓански пороти? Па, народот „во име на народот“ да пресудува дали е некој виновен или не, а судиите само да ги одредуваат висините на законските казни.

Тогаш, и да има корупција, барем нека земе некоја паричка и поротничкава раја, која сега седи по дома и се нервира заради комплетната блокада во која е доведена целокупната правна држава.

Или тоа, или – кога ќе тргне – навистина нема да може да се контролира бројот на цивилните жртви по судовиве и по други разни згради во поширокиот центар на Скопје.


Сите права се задржани.

Next Post

Во Велес изгоре куќа споменик на културата, загина и нејзиниот сопственик

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk