ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Дваесет години подоцна, Мицкоски мавта со милијардата на Циле Национале

Мицкоски добро ја игра својата улога на привремен намесник кој не смее ни милиметар да отстапи од деструкцијата својствена на оваа партија и со која Груевски ја изолира земјата и ја зароби државата за да може партиската врхушка да се богати до лудило. Одличен избор на Груевски! Мицкоски, не само што не смее, туку не знае, не може и не сака да прави ништо различно од оној што го постави.

December 22, 2019 15:13
in ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Претходно мавташе со хартии за кои тврдеше дека се „докази“, па откако Рускоска му подвикна, заквичи како кутре. Сега почна да мавта со милијарди наоколу. Веќе видено. Да, за Мицкоски ви зборувам.

Се сеќавате на Циле Национале? Сите околу Мицкоски своевремено беа во Демократската алтернатива на Циле (Васил Тупурковски) – Каракамишева, Климовски, па и самиот негов газда, бегалецот Груевски. Немам информација за претходните партиски ангажмани на Мицкоски, но нема да ме зачуди ако и тој бил во партијата што пред 20 години ветуваше милијарда долари ако дојде на власт.

Демократска алтернатива го исполни ветувањето преку признавањето на државноста на Тајван, а тој и неговите најблиски соработници се „почестија“ со „скромни“ провизии, се разбира, мултимилионски. Коалицијата во која беше Циле, освен што донесе милијарда долари од Тајван, „списка“ многу повеќе милијарди за време на владеењето, а на земјата ѝ донесе само неволји.

Дваесет години подоцна, Мицкоски, по примерот на Циле, деновиве на митинзи се расфрла со милијарди (евра) во своите говори составени од празни ветувања и хистерична драма во која главна личност му е Зоран Заев. Ни збор за прашањата на кои е должен да одговори пред јавноста, а голем дел од нив и пред законот. Колку и да се обидувам да ги набројам сите неодговорени прашања за Мицкоски, веројатноста дека ќе пропуштам голем број од нив е голема.

Еве, да наброиме неколку.

Мицкоски упорно не одговара на прашањето зошто не се откажува од криминалното, садистичко, националистичко, антизападно и проруско, режимско минато на неговата партија. Извесно е дека дел од одговорот на ова прашање лежи во сегашноста и иднината на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски добро ја игра својата улога на привремен намесник кој не смее ни милиметар да отстапи од деструкцијата својствена на оваа партија и со која Груевски ја изолира земјата и ја зароби државата за да може партиската врхушка да се богати до лудило. Одличен избор на Груевски! Мицкоски, не само што не смее, туку не знае, не може и не сака да прави ништо различно од оној што го постави.

Мицкоски и неговата „армадила“ (измислениот збор на Мицкоски) не одговорија на ниедно прашање што им беше поставено во текот на изминатите неколку месеци. Добро е што прашањата конечно се поставуваат, но тоа не е доволно, ниту за јавноста, ниту за правдата!

Како дојде до хидроцентралите и колку заработи од нив? Тоа прашање го начна и неговиот довчерашен партиски колега, Батето, Сашо Мијалков. Тој и самиот има за одговарање листа од прашања повисока и од неговиот „Мериот“. Но прашањата мора да ги одговори и оној што попусто се фали дека ќе биде идниот премиер на Северна Македонија. Значи, хидроцентралите – неодговорено прашање!

Еве едно прашање што произлегува од неговиот математички „гениј“, поставено повеќе пати: Како дојде до „мудрата“ идеја за изборен модел со 120 изборни единици? Ова прашање го поставувам со намера да се насмееме, не мора да го одговори.

Што му даде Мицкоски на Гајсер кога се сретнал со него? Како е вмешан во аферата „Рекет“ за која е повеќе од јасно дека е корупциски случај, а не случај на рекет… Како, со колку пари и во кој период е вмешан Орце Камчев во неговата партија и во аферите што се врзуваат со луѓето во ова „здружение“?

Кога ќе понесат одговорност Мицкоски и неговите соработници за „дупката“ од 400.000 евра во финансискиот извештај од претседателските избори? Кога ќе понесат одговорност за „дупката“ од преку три милиони евра во 2011 година?

Кога ќе понесат одговорност за сите злодела за кои добивме потврда во прислушуваните разговори? Ова прашање не е само до нив, туку и до правосудните органи.

Дигнаа врева за инсулинот што се уништува. На 8 декември им се испратени повеќе прашања поврзани со паралелниот увоз на инсулинот во времето на нивното владеење, а кој конечно го уништи Министерството за здравство? Нема одговор.

Зошто не ја признаваат сопствената земја, а примаат плати и користат милионски буџетски средства од буџетот на Северна Македонија? Зошто кај турскиот министер за надворешни работи не побарале да има и македонско знаме? Зошто ни чај не се напиле со високиот државен функционер на Турција, не нѐ интересира.

Мицкоски не одговори ни на крајно непријатните прашања поврзани со неговата средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во која се посрамоти и себе си и сите што беа со него, па и сите нас. Нормален човек би се откажал од политика по такво нешто. На таа средба не им беше понудена ни чаша вода. Знаеме зошто.

На настанот „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, Ване Цветанов јавно го праша Мицкоски: Дали е вистина дека сега, во моментов, се подготвуваат списоци за линч во „белата палата“ што им требаат за нивна евентуална победа после изборите и каква одговорност ќе преземе ако излезат такви докази? Тие списоци, според Цветанов не се наменети само против политичките опоненти, туку и за нивните „непослушни и недоволно активни“ кадри.

Не се ова наивни прашања. Тоа што се повторени толку многу пати не значи дека јавноста и истражните органи треба да оглуват, туку да дејствуваат. Ароганцијата, арамилакот и садизмот не се казнуваат само на избори.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на скопјани – ова не е само кампања, ова е враќање на духот на градот

July 19, 2025

Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk