ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за труд одржа седница, покачувањето на пензиите на пленарна седница

Амандманската расправа за законот помина и сега измените треба да бидат изгласани на пленарна седница по што и официјално од 1 јануари пензионерите ќе имаат зголемување на пензиите за 700 денари.

December 23, 2019 14:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за труд и социјална политика и покрај несогласувањата на пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата, попладнево го одржа продолжението на седницата на која, меѓу другото, на дневен ред беа измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка, односно најавеното покачување на пензиите за 700 денари.

Амандманската расправа за законот помина и сега измените треба да бидат изгласани на пленарна седница по што и официјално од 1 јануари пензионерите ќе имаат зголемување на пензиите за 700 денари.

На седницата на Комисијата беа отфрлени два амандмани на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која бараше зголемувањето на пензиите да биде согласно зголемувањето на трошоците на живот.

Почетокот на продолжението на седницата на Комисијата мина во меѓусебни обвинувања на пратениците од власта и опозицијата за тоа кој сака, а кој не сака зголемување на пензиите, но дискусијата на моменти наликуваше на предизборна кампања која опфати и други теми.

По завршување на амандманската расправа по законот, пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ побара седницата да биде прекината за пратениците да можат да одат на пленарната седница.

Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев по ова одржа прес-конференција на која ги обвини пратениците од СДСМ дека повторно ја блокираат работата на Комисијата, на која на дневен ред останаа измените на законот за социјална заштита по скратена постапка.

Одбивањето на нивните амандмани, според Ѓорчев, значи дека СДСМ не сакаат зголемување на пензиите на пензионерите. Тој, исто така, повтори и дека на седниците на Комисијата во изминатите две години никогаш не присуствувала министерката за труд и социјална политика Мила Царовска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk