Анкетите покажуваат дека состојбите и дека поддршката на граѓаните е токму на структурите и на политиките коишто водат напред а не коишто не водат назад.“- изјави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашната емисија Топ тема на Телма ТВ..
„Направивме над 600 урбани маалски средби, организиравме над 30 трибини, масовно посетени од граѓаните, 6000 наши тимови ја завршуваат кампањата врата до врата за да разговараат со граѓаните за проблемите, потребите, критиките и за креирањето на нашата нова програма така да ние постојано сме на терен..“, додаде тој.
Според Николовски, народот се извлекол од граѓанска војна. Граѓаните не забораваат, вели тој.
„Првенствено оваа Влада ја извлече државата од граѓанска војна која што можеше да ни се случи на 27-ми април и никогаш граѓаните не треба да заборават што се правеше оваа криминална банда и структура во државата, која што е врзана со сите овие структури вклучително и со самото судство за да спречи и мирен трансфер на власта но и да се потсетиме на проблемите, на сето она што го имавме во претходните 11 години“, рече Николовски
Тој исто така додаде дека денеска немаме меѓуетнички тензии, немаме тепачки по автобуси, ниту проблеми од типот каков што имавме во претходните 11 години. ”
„Ја донесовме слободата да секој може слободно да говори, да критикува, да предлага. Ја донесовме демократијата за која што сите се боревме. Државата од изолирана стана светол пример, храбро влеговме во носење на историски одлуки коишто ги попречуваа сите генерации”, рече Николовски.