ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Совет на амбасадори: Услов за членство во ЕУ да биде заеднички утврдената вистината за историското минато

Советот смета дека единствениот пат на зајакнување на меѓусоседските односи меѓу двете земји и пријателството меѓу двата народа е да се почитува и имплементира во двете земји Договорот за добрососедски односи и соработка.

December 23, 2019 08:47
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението за надворешна и меѓународна политика – Совет на амбасадори соопшти дека е непримерно највисоките државни институции да дебатираат и носат резолуција за етничкото и јазичното потекло на еден народ, како што неодамна беше случај со Народното собрание на Република Бугарија.

– Совет на амбасадори смета дека услов Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ не би требало да биде таа да ја прифати интерпретацијата на бугарските историчари за потеклото на македонската нација и на македонскиот јазик, како единствена историска вистина, туку тоа да се заснова на заедничката вистина утврдена од комисиите кои се засновани со цел да се унифицираат разликите во толкувањето на заедничкото историско минато на двата народа врз основа на научните аргументи и толкувања на историската наука во регионот и во светски размери, пишува во реакцијата на Извршниот одбор на Советот на амбасадори и неговиот претседател Љупчо Арсовски.

Изразувајќи загриженост што последниве денови од истакнати личности од политичкиот живот, научната сфера, државни институции и поедини владини и невладини асоцијации на Република Бугарија интензивно се актуализираат, како што наведува „старите бугарски теории за негирањето на македонскиот јазик“, Советот смета дека единствениот пат на зајакнување на меѓусоседските односи меѓу двете земји и пријателството меѓу двата народа е да се почитува и имплементира во двете земји Договорот за добрососедски односи и соработка.

– Совет на амбасадори е убеден дека минатото нè научи дека треба да бидеме свртени кон иднината, без условувања туку напротив со отворена поддршка како што е заедничката заложба во Договорот и чесните изјави дека треба да ги отпочнеме преговорите и побргу да ги исполниме условите за полноправно членство во Европската Унија, се додава во реакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Започнува ЕМОФ Скопје 2025

July 20, 2025

(ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk