Американската комисија за хартии од вредност и берза (SEC) покрена истрага против германскиот производител на автомобили BMW.
Истрагата е покрената поради двосмислена продажна пракса, со која се „пумпаат“ податоците за бројот продадени автомобили, известуваат американските медиуми.
Според наводите на магазинот „Вол стрит џурнал“, комисијата ги проверува комерцијалните пракси на BMW во САДм за да утврди дали компанијата со помош на овластени трговци се обидува да ги „разубави“ податоците за бројот продадени автомобили.
Американските регулатори сметаат дека BMW со помош на трговците ги „пумпал“ податоците за продажбата, така што трговците понекогаш купуваат возила од сопствените залихи и ги користат за изнајмување.
Производителите често им нудат бонуси за таквата пракса, за да го подобрат бројот на продадени автомобили.
„SEC не контактираше и во потполност ќе соработуваме во нивната истрага“ , вели соговорникот за „Вол стрит џурнал“.