„Станува збор за нашите национални јазици кои беа историски изградени, од 19 –от век, преку 20-от век, денес се наоѓаат во тешка криза, еден момент од таа криза се вика ревернакуларизација, тоа е комплициран збор кој значи нешто многу едноставно: а тоа е дека нашите јазици повторно паѓаат на она ниво, кое го имале некогаш во средниот век, пред да бидат стандардизирани, пред да бидат култивирани во овие национални јазици“, вели еден од најпознатите хрватски филозофи и теоретичари на културата, Борис Буден, гостуваше на четвртото издание на КРИК – фестивал за кртичка култура со предавање на тема „Нација без својства“ во интервјуто за Утрински брифинг на Слободен печат.
„Јас сега доаѓам од Германија, од германскиот јазик, значи знаеме дека овие нашиве се многу помали, помалку моќни во однос на германскиот јазик. Тој заедно со францускиот, а по англискиот, се трите најсилни јазици во светот, не според бројот на тоа колку луѓе ги зборуваат, туку според културната моќ, колку се важни и колку се преведува од нив. А денес во Германија се зборува дека германскиот јазик во Германија е потиснат на пониско ниво, дека е турнат во таканаречените неважни дискурси, во подрачјето на приватниот живот, семејството, додека сите важни дискурси се запоседнати од англискиот јазик. Денес, англискиот јазик продрел во сите најважни нивоа на општествениот живот, во политиката, во културата, науката, образованието. И ако ме прашате мене, јас десет години предавам во Германија, всушност предавам главно на англиски јазик и тоа среде Германија и во Виена, во Австрија. Тоа значи дека ако денес сакате да бидете некој во науката, културата или уметноста – мора да корстите англиски, националниот, тнр, мајчин јазик не ви е доволен за тоа. Да потсетам само на еден познат хрватски уметник, Младен Стилиновиќ, кој уште на почетокот на деведесеттите години имаше кажано: Уметникот што не зборува англиски, не е уметник. Тогаш тоа звучеше апсурдно, но денес тоа е реалност….И втората работа, исто толку важна, ние не сме свесни за тоа: неодамна Европската унија направи едно сложено, сериозно истражување за дигиталната подготвеност на јазиците за иднината. Заклучено е дека повеќето европски јазици, освен германскиот и францускиот, кои на некој начин успеваат да додржат чекор со дигитализацијата, англискиот е најдобар. Сите останати паѓаат под тоа ниво“, вели Буден.