Бидејќи често се иронизира со „големата слика“, дозволете младиќот „таксативно“ да ви наброи мал дел од мозаикот што ја прави големата слика, а богами и разлика меѓу оваа власт и режимот на Груевски (и оние што сакаат да го вратат), за само 2 години и нешто:
– Далеку подобри резултати во евроинтеграциите. Решени спорови со соседите, сочуван македонскиот јазик, народ, идентитет. Влез во НАТО.
– Вработувања – Видливо подобри резултати за 2 години, споредено со најдобрите 2 години на ВМРО-ДПМНЕ.
– странски инвестиции – видливо подобри резултати, споредено со 2 најдобри години на груевизмот.
– Значајни покачувања на плати во образование, здравство, градинки, повеќе од кога било за време на ВМРО-ДПМНЕ.
– Далеку поголемо зголемување на минималната плата.
– Далеку поголемо зголемување на социјалната помош.
– Драстично зголемена стабилност, безбедност, најдобар пласман досега и скок на Глобалниот индекс за мир за 38 места. Поправање на извештаите за нашата земја во речиси сите области.
– Власта и институциите не произведуваат политики на омраза, етноцентризам, поделби, разлики помеѓу разни групи на граѓани, напротив, преку сите политики, од шалтер па до раководители, се промовира Едно општество и еднакви можности за сите.
– Големи поместувања во слободата на изразување, ослободување на медиумите и јавната дебата од притисоци на власта и институциите, институциите држат редовно пресови, одговараат на прашања на сите медиуми без исклучок, нема новинари во затвор, не се затвораат медиуми.
– Ослободување и на администрацијата од партиски притисоци – од извршување партиски задачи, задолжително присуство на партиски настани… нема отпуштања и реваншизам, туку има почит кон личните политички убедувања.
– Исто така, нема протести пред домови на луѓе, нема контрапротести, нема игнорирање на протести и барања на граѓаните, нема инспекции, пиштење вриштење…
– Се одржа референдум, локални, претседателски избори, 3 пати гласаа луѓето нормално, со далеку помалку инциденти, без носење луѓе на гласање за раче и Пустец шеми, без пукања и кршења кутии… далеку помирни и подемократски избори, од најдобрите на груевизмот.
– Драстично зголемена респонзивност и одговорност на институциите. Наспроти „безгрешноста“ на претходните, се признаваат пропусти, се поправаат грешки, се сноси одговорност, се поднесуваат оставки, има разрешувања, а богами и притвори и судења на актуелни функционери.
– Драстично зголемена транспарентност на институциите, за разлика од време кога сѐ беше тајно, сега секој потрошен денар, секој трансфер, сѐ е на ачик, на интернет.
– Далеку помалку трошоци од страна на функционерите и институциите, барем 3 пати помалку, со јасно и јавно евидентирани трошоци за целосен увид на јавноста.
Слободно продолжете да набројувате и вие, оти сликата, а и разликата, е навистина – голема.
#MalDelOdGolemataRazlika
#ImaRazlika
Сите права се задржани.