ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието закочено – или нема кворум или сите пријавени за збор

Пратениците од нешто по 11.30 часот до 14 часот дебатираат за Предлогот за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

December 24, 2019 15:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска ја продолжи 126. седница која на дневен ред има 125. точки, но досега претиниците не завршија ниту една од нив. Причина за тоа е немањето кворум, но и бројот на пријавени за збор, кои најчесто се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


Пратениците од нешто по 11.30 часот до 14 часот дебатираат за Предлогот за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Опозицијата спореше со предлогот за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер да биде Пламенка Бојчева, а за нејзин заменик Блерим Исени. Но, дебатата, која се одвиваше во полупразна сала, на моменти беше надвор од дневниот ред.

– Македонија стана мафијашка држава. Тука редовно се пука. Шарената револуција стана шарена манипулација, меѓу другото, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во една од своите реплики.

За предлогот Бојчева да биде директор на Агенцијата, Ѓорчев рече дека таа е активист од Општинскиот огранок на СДСМ во Аеродром, обвинувајќи за партизација на институциите.

На ова возвратија пратениците од СДСМ кои отфрлија тврдењата за партизација.

– Јас не сум овде некој да бранам или да го напаѓам. Јас го читам тоа што го пишува во Си-Ви-то дека разговараме за дипломиран правник со положен правосуден испит, кој работел во Македонски пошти, дека работела во ДИК итн, рече Диме Велковски од СДСМ.

Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски констатира дека Агенцијата веќе три години не ја врши својата дејноста онака како што се очекувало од неа. Според него, транспарентноста и отвореноста на функционерите на СДСМ е многу мала, а за возврат „фабриката за лаги“ на Владата е пуштена на најјако.

Пратеникот Велковски во репликата истакна дека парламентарното мнозинство се залага за отвореност на институциите и пристап на граѓаните до информациите што нив ги интересираат.

Пратеникот Самка Ибраимовски од собраниската говорница ја осуди блокадата на носењето на законите од страна на опозицијата и рече дека ќе бара од премиерот одлагање на изборите, додека не се донесат одредени закони во Парламентот.

– Ова е дискусија со изгубен компас, рече Ибраимовски.

Седницата треба да продолжи по редовната пауза од еден час.

Next Post

Ременски се сеќава на „црниот понеделник“: Пријавата за фиктивна опрема уште стои во фиока

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk