ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дивјак – Томиќ: Преминот Лојане – Миратовац ќе биде резервен, за шпиц сезона

Дивјак Томиќ истакна и дека веќе е потпишана спогодба за граничниот премин Лојане – Миратовац иако засега од него нема некоја економска исплатливост.

December 25, 2019 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И ние слушаме приговори околу новиот концепт „One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце – Прешево што беше промовиран пред неколку месеци. Веројатно, се уште трае периодот на прилагодување. Мислам дека ваквиот модел има перспектива и дека ќе профункционира, но треба време, рече денеска амбасадорката на Србија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ.

На прес-конференција во Стопанската комора на Македонија Дивјак Томиќ истакна и дека веќе е потпишана спогодба за граничниот премин Лојане – Миратовац иако засега од него нема некоја економска исплатливост. Флуктуацијата е мала, но институциите, сепак, излегле во пресрет на барањата на локалните жители. Се размислува, рече амбасадорката, овој премин да се развие како резервен, посебно за т.н. шпиц сезона, но тоа ќе зависи од инфраструктурата во која треба многу да се вложи.

Во врска со иницијативата за „мини шенген“ која ја посочи како еден од приоритетите за зголемување на соработката, Дивјак Томиќ подвлече дека сите се добродојдени и дека ова прашање, мислејќи на Косово, Србија не го врзува за статус. Статусот, потенцира, е многу сериозно и комплексно политичко прашање кое ќе се решава низ дијалог, а Србија очекува дијалогот да се обнови.

-Идејата не е „мини шенгенот“ да биде само за три земји. Напротив. Тоа е идеја која има поширок регионален карактер и сите се добродојдени. Еве веќе и Црна Гора се приклучува кон концептот, сфати дека тоа е нешто што е и од нејзин интерес. Очекуваме дека тоа ќе се случи и со БиХ. Косово никој не го спречува. Многу сме заинтересирани да нема никакви пречки во размената и прптокот на стоки и луѓе. За жал, ситуацијата е засега таква. Сé уште е во сила сериозната рестрикција на стоки од централна Србија. Во врска со Косово, очекуваме дијалогот да се обнови. Не е до нас. Ја чекаме другата страна. Со оглед дека изборите доле се завршени, но не се конституирани органите, па како ќе оди тоа и со кое темпо, навистина не зависи од нас. Мислам дека сега е зголемен и интересот на меѓународната заедница, тоа прашање да се реши, посочи амбасадорката.

На прес-конференцијата беа презентирани резултатите од трговската соработка меѓу двете земји при што беше нагласена потребата од намалување на бирократските процедури, хармонизирање на регулативите и сертифицирање, како и либерализација на работната сила во регионот. Според бизнис секторот, ако до пред десетина години приоритет беше дефинирањето портфолио за поголема конкурентност на фирмите, денес најголемиот предизвик е човеќкиот капитал. Кадри нема, особено стручно образование, па компаниите мора сами да ги доедуцираат нововработените.

-За жал, сé полош кадар доаѓа од образовните институции. Со овој проблем се соочуваат не само нашите, туку и компаниите во регионот, а негативниот ефект допрва ќе се почувствува, рече потпретседателот на Комората, Живко Мукаетов.

Србија е наш најголем трговски партнер на Балканот и четврти во светски рамки. Размената била најголема во 2008 година, кога достигнала 1,5 милијарди долари. Потоа следувал период на драстично опаѓање од 74 отсто поради економската криза, но трендот повторно бележи зголемување. Годинава бројката од 1,5 милијарди нема да се достигне, иако размената веќе изнесува околу 1,1 милијарда долари, вклучувајќи ги и услугите.

– Најмногу извезуваме лекови, вино, производи од железо, а увезуваме пченица, брашно, цигари, електрична енергија. Дефицитот е секогаш на македонска страна и на тоа мора да се работи, укажа Анета Трајковска од Стопанската комора.

Амбасадорката дополни дека Србија е во целост отворена за соработка. Во инвестициите, рече, може да се направи нешто повеќе, како и во изнаоѓањето партнерства и заедничкиот настап на трети пазари.

-Ако се забрза протокот на стоки може да се заштедат две милијарди евра, пари кои би се вложиле во нешто добро што би било од интерес за двете страни, истакна Дивјак Томиќ.

Српската статистика покажува дека вкупната трговска размена во првите девет месеци од годинава е 675,5 милиони евра што е зголемување за 7,6 отсто од лани. Суфицитот кој традиционално е на страната на Србија, за овој период изнесува 331,5 милиони евра. Ова е еден од сигналите, рече Дивај Томиќ, дека македонската страна треба да се ангажира повеќе и да го зголеми извозот.

Next Post

Безбедностa на новинарите е прв предуслов за вршење на оваа професија

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk