Извршителите излегуваат на штрајк во четврток, дознава „Телма“. За прв пат по 13 години под клуч ќе бидат извршителските канцеларии. Одлуката е донесена на вчерашното вонредно Собрание на Комората.
Велат мораат да го искажат револтот и незадоволството од новиот Тарифник кој им го предложила министерката за правда, Рената Дескоска.
Најмногу негодуваат за тоа што со него им се намалува од 1.000 на 300 евра, максималната награда за извршителот, која можат да ја наплатат при извршување од сметките на граѓаните.
„Доколку Министерството за правда пристапи кон измена на Тарифата како што е предложено, без позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители, извршителите трајно ќе прекинат со работа сметано од денот на објавата на изменетата Тарифа во Службен весник.“- стои во одлуката на Комората на извршители.
Извршителите бараат од министеркта за правда Рената Дескоска, поради сегашниот и предложениот Тарифник дури и да предложи на Владата измени во законот со кој извршувањето пак ќе се врати во судовите.
Од Министрството за правда за „ Телма“ велат се разгледуваат сите опции за да се постигне правичност при извршувањето.
„Комората е автономна во своето одлучување. Министерството за правда ги разгледува опциите за правичност во извршувањето и заштита и на доверителите и на должниците“- велат од правда.
Целиот текст можете да го прочитате на Телма.