„Изненадени сме од нивниот штрајк. Сепак, ја поздравуваме нивната акција за затворање на канцелариите, ќе им излеземе во пресрет ќе им помогнеме да ги затворат и никогаш да не ги отворат“, изјави во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Маријан Ристески, активист за изменување на работата на извршителите.
Околу тоа колку се апсурдни бројките на долгови, Ристески потенцираше дека постојат најнереални долгови по основ на камата.
– Слушаме бројки што не ни се за верување. За 1000 денари долг имаме долгови за извршување од 30.000 денари по основ на камата. Се надеваме дека ќе се стави крај на овој грабеж. Извршителите се најголемото зло во оваа држава. Сами кажуваат дека народот нема пари да плати и покрај тоа, а пак го оптеретуваат граѓанинот со дополнителни трошоци, дополни Ристески.