ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Бришење на каматите на долгови на граѓаните кон јавните и државни претпријатија

Се работи за законски решенија за бришење на каматите на граѓаните по долговите и другите трошоци што ги имаат, кај сите јавни институции, јавни претпријатија институции, државни институции и установи, органи... Се работи за трошоци, обврски, што граѓаните ги имаат за вода, за смет, за канализација, пазари, за вода по полињата, за станбени прашања, здравствени услуги

December 26, 2019 23:10
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Зоран Заев (Фото: Б. Јордановска)

Зоран Заев (Фото: Б. Јордановска)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, во попладневниот дел од собраниската седница за пратенички прашања, ги повика пратениците, да ги поддржат законските решенија за бришење на каматите на долговите што ги имаат граѓаните кон јавните претпријатија, институции, органи, за што изрази надеж дека во следните денови би можеле да бидат испратени со Парламентот на усвојување, пренесе владиниот прес центар.

„Работиме на законски решенија што верувам ќе успееме до утре да ги заокружиме, за да можеме да ги објавиме, сабота Владата се надевам дека ќе ги прифати и однапред замолувам, за самите решенија, до Парламентот, со будно око да ги усвои законските решенија“ порача премиерот Заев.

Тој објасни на што се однесуваат законските решенија.

„Се работи за законски решенија за бришење на каматите на граѓаните по долговите и другите трошоци што ги имаат, кај сите јавни институции, јавни претпријатија институции, државни институции и установи, органи… Се работи за трошоци, обврски, што граѓаните ги имаат за вода, за смет, за канализација, пазари, за вода по полињата, за станбени прашања, здравствени услуги…

Целта е на овие законски решенија е да ги избришеме каматите до крај и да им дадеме на граѓаните на рати да си го платат само главниот долг“, соопшти премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, објасни што содржат работните верзии на овие законски решенија во однос на ратите, на коишто ќе имаат можност граѓаните да си ги платат главните долгови.

„Верувам дека голем дел од граѓаните сакаат да си го платат главниот долг, но каматите што често се поголеми од главниот долг и сите трошоци внатре, и да сакаат, немаат од каде да го направат тоа.

Ќе им скинеме на граѓаните едно големо бреме, тоа е иницијатива којашто доаѓа од вас, ние го формиравме во форма на закон, утре, би требало да го објавиме во детали и Владата ќе го пушти до Парламентот. Апелирам до сите, се работи за сите граѓани, за сите граѓани подеднакво ќе важи“, додаде премиерот Заев.

Тој рече дека во предлог решенијата се дава препорака и до приватните компании, за вакви репрограмирања.

За потегот, рече дека е зборувано е со сите страни, доверителите и разни експерти и дека тој ќе ја релаксира состојбата кај граѓаните од социјален аспект.
„Со самиот закон, на денот на донесување на законот стапува на сила самиот закон и извршните постапки прекинуваат во истиот момент“, додаде премиерот Заев.
Тој соопшти дека се разработува варијанта и за долгови на граѓани кон извршителите.

„Сето ова ќе биде од огромна помош за граѓаните“, порача до пратениците, премиерот Зоран Заев, на собраниската седница за пратенички прашања.

Next Post

Гневот на народот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk