Администрацијата и помошно – техничкиот персонал вработен во рамки на клиниките во комплексот Мајка Тереза денеска излегоа на штрајк поради незадоволството од нивните плати, пренсе Канал 5.
Медицинската администрација е револтирана поради тоа што не добиле зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри. Ресорниот министер Филипче пред два дена рече дека не можат администрацијата да ја одделат од останатата администрација.