ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Помалку од половина Македонци се среќни и оптимистични за 2020 година

На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?”, 43 отсто од испитаниците во С. Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша,

December 27, 2019 08:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Помалку од половина Македонци се оптимистични дека 2020 ќе биде подобра од 2019 година и сметаат дека се среќни, покажа глобалното истражување на „Галуп Интернешнал Асосиејшн”. Во Северна Македонија студијата ја спроведе „БРИМА”, членка на „Галуп Интернешнал Асосиејшн” во партнерство во ВИН, на 1.210 испитаници, пренесе МИА.

На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?”, 43 отсто од испитаниците во С. Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша, а 35 отсто од анкетираните сметаат дека ќе биде иста со 2019 година, што покажува, како што наведе „БРИМА”, дека во земјава оптимизмот е над светскиот просек.

Во однос на регионот, најоптимистични по тоа прашање се анкетираните од Албанија, а најпесимистични се Србите.

На прашањето „Општо земено, дали Вие лично се чувствувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?” девет отсто се изјасниле дека се чувствуваат многу среќно, 47 проценти среќно, 34 отсто ниту среќно ниту несреќно, девет проценти несреќно, и еден отсто од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат многу несреќно.

Луѓето кои живеат на Блискиот исток се претежно песимисти (52 проценти), додека оние кои живеат во Индија (56 проценти) и Западна Азија (50 отсто) се претежно оптимисти кога се прашани дали следната 2020 година ќе биде подобра од оваа 2019.

Споредбено по држави, најоптимистични граѓани во однос на годината што доаѓа (2020) има во Нигерија (73 проценти), Перу и Албанија (70 отсто), Казахстан (67 проценти) и Ерменија (62 отсто).

На скалата која го прикажува песимизмот, рангирањето е предводено од Либан (76 проценти), Хонг Конг (68 отсто), Јордан (60 проценти) и Италија (59 отсто).

– Глобалниот индекс на надеж и очај е значително под влијание на возраста и образованието – помладите луѓе (до 34 години) и луѓето со повисоко ниво на образование се значително пооптимисти. Религијата, во тој поглед, не е одлучувачки фактор и не влијае на ова расположение, со еден исклучок – хиндусите со главно пооптимистички видувања, соопштија од „БРИМА”.

Од истражувачката Агенција наведоа дека Западна Европа е најпесимистичкиот регион по Блискиот исток. Земјите што не се членки на ЕУ се скоро двојно пооптимистични од западните држави во Европа. Американците се значително посигурни од Русите во нивните очекувања за подобра нова година. Нигерија – со најголемо население во Африка – е водечка на оваа листа секоја година.

Првите пет земји според глобалниот индекс на среќа се Колумбија (88), Индонезија (86), Еквадор (85) и Казахстан (83), по што следат Нигерија и Филипините со по 78. Најмалку среќни земји се Јордан (-38), Либан (-15), Сирија (-7), следени од Хонг Конг и Ирак со по пет.

– Нашиот глобален индекс на надеж и очај (социјален оптимизам – социјален песимизам), пред сè, ја рефлектира политичката и економската состојба и насоката на развој во секоја земја преку очите на обичните граѓани, додека индексот на среќа открива лични перцепции, тесно поврзани со националниот карактер. Се чини дека луѓето ширум светот се четири пати посреќни во нивниот личен живот (глобален индекс на среќа изнесува 48 проценти ) во споредба со нивните животи како граѓани на нивните земји (глобален индекс на надеж 12 отсто), посочи претседателот на ГИА, Канчо Стојчев.

Тој нагласи дека генерално, социјалниот оптимизам и личната среќа не се поврзани со богатството на државата. Актуелната политичка состојба и нејзините перспективи се доминантен фактор.

Студијата е спроведена во 50 земји и опфаќа околу 2/3 од глобалната популација.

Next Post

Прекин на сообраќајот на Пресека поради минирање

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk