ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ вечерва ќе одлучува за кадровските предлози за техничка влада

Мицкоски добил „одврзани раце“, кандитатите уште непознати за јавноста

December 27, 2019 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваат само неколку денови до формирање техничка влада. Откако владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да бидат усвоени законски предлози кои се врзани со примена од 1 јануари,  а кои претходно беа блокирани од опозицијата. Премиерот Заев во неколку наврати предупреди дека изборите може да бидат одложени сè додека опозицијата во Парламентот ги блокира законите  од кои зависат платите, пензиите и инвестициите, пишува DW на македонски јазик.

Љупчо Николовски од СДСМ пред неколку дена најави дека неговата партија денеска, в петок ќе одлучува за кадровските предлози, кој ќе ја предводи техничката влада. Во медиумите досега беше објавено дека на чело ќе застане првиот човек на МВР, Оливер Спасовки, а во „игра“ беше и министерската за труд и социјална политика Мила Царовска.

Вечерва СДСМ ќе решава за кадровски прашања поврзани со техничката влада. На седница на Централниот одбор треба да биде избран кандидатот за технички премиер, кој ќе ја преземе функцијата откако  премиерот Зоран Заев  ќе поднесе оставка на функцијата. Според Изборната регулатива тоа треба да се случи 100 дена пред изборите, а со оглед дека тие се договорени за 12-ти април, последниот рок е трети јануари. На седницата на ЦО треба да бидат предложени и дополнителни замeници министри, како и кадровски предлог за нов вицепремиер за економски прашања, по најавеното повлекување на Кочо Анѓушев од таа функција.

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржаа седници, но сè уште е непознато кои се кандидатите што партискиот претседател Христијан Мицкоски ќе ги предложи во техничката влада.

Засега е само извесно дека Мицкоски е партиски кандидат за мандатар, и дека ВМРО-ДПМНЕ е уверена во изборна победа.

„Централниот и Извршниот комитет дадоа целосна едногласна поддршка на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, да биде новиот мандатар, односно кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12-ти април, на коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа“, изјави Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да предложи технички министри за два ресора: за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Во тие ресори дополнителните заменици министри треба да бидат предложени од владејачката коалиција. Опозицијата, пак, ќе треба да предложи и дополнителни заменици министри во три ресори: финансии, земјоделство, и администрација и информатичко општество.

За утре, сабота, закажана е средба Заев-Мицкоски  на која ќе се водат консултации за предлозите за техничката влада.

Next Post
Илустрација

Запалено БМВ во центарот на Скопје

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk