ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Избори на 12 април ќе има, се залагаме за една изборна единица.

Одлагање на изборите нема. Јас на 3 јануари ќе ја поднесам оставката во Владата. Парламентот треба да ја констатира оставката и со тоа паѓа целата влада. Истиот ден претседателот Пендаровски треба да му даде мандат на Оливер Спасовски кој треба да ја предложи новата влада и парламентот да ја изгласа, изјави претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва на прес-конференцијата на која ги соопшти одлуките на Извршниот и Централниот одбор на партијата Спасовски да биде технички премиер во преодната влада

December 27, 2019 22:19
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Одлагање на изборите нема. Јас на 3 јануари ќе ја поднесам оставката во Владата. Парламентот треба да ја констатира оставката и со тоа паѓа целата влада. Истиот ден претседателот Пендаровски треба да му даде мандат на Оливер Спасовски кој треба да ја предложи новата влада и парламентот да ја изгласа, изјави претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечерва на прес-конференцијата на која ги соопшти одлуките на Извршниот и Централниот одбор на партијата Спасовски да биде технички премиер во преодната влада, пренесе МИА.

Потврда за сериозноста дека нема одлагање на изборите, рече, се кадровските решенија договорени за преодната влада.

-Дадовме збор, а и опозицијата стоеше на зборот и денеска го заокружи пакетот на закони во Собранието што имаат реализација од 1 јануари. Останаа законите кои може да се донесат во јануари и може да се имплементираат следната година, истакна  Заев одговарајќи на новинарски прашања во партиското седиште.

Ги почнуваме, рече, законските рокови – стоте дена од денот на изборите наназад. Нагласи дека СДСМ не се откажува од една изборна единица затоа што е добро за државата и правично за сите.

– За една изборна единица можеме да одлучуваме сè до 12 февруари односно до 60 дена пред изборите додека работи Парламентот. Ние не се откажуваме од ова прашање, а и колегите од помалите политички партии, помалку бројните етнички заедници се про и сакаат. Тоа е и наше изборно ветување. Треба и другите политички партии, како ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да седнат, а јас утре ќе го отворам и тоа прашање, доколку и господинот Мицкоски сака да разговара. Убаво е ако за тоа одлучиме со консензус. Утре ќе ја искористам средбата со првиот човек на најголемата опозициска партија, можеби ќе најдеме одредено решение, рече Заев.

На седниците на ИО и ЦО на СДСМ вечерва е одлучено министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде технички премиер во преодната влада од 3 јануари 2020 до формирањето на новата влада по изборите на 12 април. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде вицепремиер за економски прашања, на местото на Кочо Анѓушев. Избрани се и двајца дополнителни заменици министри во преодната влада – Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријејљ – во МТСП.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Облачно и студено со ветер и услови за снег

НАЈНОВО

Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за мировниот договор во Газа

October 14, 2025

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

October 14, 2025

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk