Сто новогодишни пакетчиња на сите деца хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести ќе им подарат денеска хуманитарните организации АДРА и Лајонс, пренесе МИА.
Од Клиниката информираат дека станува збор за специјални новогодишни пакетчиња, кои ги подготвиле деца во Германија за децата на Клиниката.
На доделувањето на пакетчињата ќе присуствува и директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска.