ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од 1 јануари се подига прагот за ослободување од царина за мали пратки

Исто така, годинава е зголемен и опфатот на домаќинства кои користат интернет за 81,8 проценти. 

December 28, 2019 10:38
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава, од 1 јануари 2020 година од царина ќе бидат ослободени малите пратки во вредност до 90 евра.

Како што соопшти Министерство за финансии, ова е овозможено со измените на Уредбата, изработени врз основа на анализата за царинење на малите пратки, со кои прагот на ослободување од царина за нив се подига од досегашните 45 на 90 евра.

– Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку Интернет, а со тоа растат и предизвиците и за државата и за компаниите. Во ЕУ, прагот за мали пратки е 150 евра. Граѓаните што се враќаат од странство преку граничен премин, можат со себе да носат стоки во вредност од 350 евра и за нив да не платат увозни давачки. Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањата на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање  царина. Од друга страна, има голем притисок на одредена категорија граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија. Затоа работиме на подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на промоцијата на скенерот за контрола на поштенски пратки во царинската испостава „Пошта“ во ноември годинава.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, електронското купување во нашата земја во 2019 година е зголемено за 14 проценти, односно онлајн нарачките пораснале од 31,6 на 35,9 отсто. Исто така, годинава е зголемен и опфатот на домаќинства кои користат интернет за 81,8 проценти.

Next Post

Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 со мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделски и рибни производи

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk