Алијанса за Албанците може самата да ја победи ДУИ, изјави во вчерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, лидерот на партијата, Зијадин Села, повикувајќи се на резултатите од нивните анкети.
„Нашите анкети велат дека ние и сами ја победуваме ДУИ, како Алијанса за Албанците. Од друга страна анкетираните кои велат – да, за Алијанса за Албанците го велат тоа затоа што тоа го чувствуваат во срцето и даваат искрена поддршка. Додека ДУИ не може да биде сигурна во анкетираните затоа што има и од оние кои велат – да, од страв и за ова ДУИ е многу свесна. Разликата меѓу Алијанса за Албанците и ДУИ во моментов кога зборуваме не е повеќе од 0.5%, 0.6%. Преведено поинаку, една партија која е на власт и разликата не надминува 1%, сигурен и е поразот и ова го знае ДУИ“, рече Села.