Две лица загинаа, а еден е повреден при оружен напад во црква во Вајт Сетлмент во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните здравствени власти, a пренесе МИА.
Според претставник на итната медицинска помош, еден човек загинал на местото на инцидентот, а другиот на пат кон болница. Третата жртва е пренесена в болница во критична состојба.
Првичната информација е дека непознат напаѓач отворил оган во христијанска црква. Досега полицијата нема соопштено дали напаѓачот е уапсен.