За новогодишните празници ќе има дежурни лекари во седум скопски поликлиники: Чаир, Ченто, Бит Пазар, Шуто Оризари, Јане Сандански, Драчево и Ѓорче Петров.
Дежурствата, како што велат од Здравствениот дом Скопје, ќе бидат од 31 декември од 19:30 часот до 2 јануари до 7:30 часот.
За божиќните празниците дежурни ќе бидат истите поликлиники и тоа од 3 јануари (петок) од 19:30 часот, во сабота ќе бидат дежурни матичните лекари, се до 8 јануари (среда) до 7:30 часот.