ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски оствари видео-конференциска врска со армиските мировници

Шефот на државата им ги честиташе претстојните празници на припадниците на Армијата, посакувајќи им здравје, мир, благосостојба, успешна и мирна мисија и безбедно враќање дома, кај своите најблиски.

December 30, 2019 15:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, во пресрет на новогодишните празници, денеска оствари видео-конференциска врска со припадниците на Армијата, кои учествуваат во мисии надвор од нашата држава.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, припадниците на македонските контингенти кои се дел од меѓународните мировни операции „Одлучна поддршка“ во Авганистан, УНИФИЛ во  Либан и АЛТЕА во Босна и Херцеговина, го информираа Пендаровски за моменталната состојба и ги презентираа нивните активности во рамки на мисиите, изразувајќи подготвеност и во иднина да продолжат, стручно, одговорно и посветено да ги извршуваат своите должност.

Претседателот Пендаровски, како што се наведува, го нагласи исклучително важниот придонес на припадниците на Армијата во меѓународните мисии, како потврда за нашата активна вклученост во колективниот систем за безбедност. Претседателот истакна дека со професионалното и мотивирано извршување на нивните задачи, учесниците во меѓународните мировни операции во континуитет се докажуваат како рамноправен партнер на НАТО сојузниците, придонесувајќи нашата земја да стане 30-та рамноправна членка на НАТО Алијансата. Според претседателот Пендаровски, малку области во нашата земја можат да кажат дека се на европско или светско ниво, како што е случајот со нашата Армија.

– Ако ги гледаме сите реформи што се направени, од 90-та до денес, во вашиот дел, во делот на Армијата, а надворешните мисии се круцијален дел од тоа, имаме далеку најдобри реформи. Ниту една друга област во државата не може да се мери со реформите што се направени во вашата област и неспорно е дека припадниците на Армијата поставија највисоки можни критериуми, порача претседателот Пендаровски.

Шефот на државата им ги честиташе претстојните празници на припадниците на Армијата, посакувајќи им здравје, мир, благосостојба, успешна и мирна мисија и безбедно враќање дома, кај своите најблиски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk