Високи температури ја погодија Тасманија, австралиската држава што е најблиску до Јужниот пол и која не се карактеризира со превисоки температури.
Според податоците на Метеоролошкото биро, измерени се рекордни 40,8 степени Целзиусови, додека просечната температура изнесува 20 степени.
„Причината што е олку топло во Тасманија е тоа што ветровите носат топол воздух“, рече метеорологот Лук Џонсон.
Најкритично е во Нов Јужен Велс каде се активни 43 пожари, а гасењето го отежнува силниот ветар.
Инаку, во Австралија поради пожарите кои беснеат со денови, откажан е новогодишниот огномет во градпвите ширум земјата.