ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со субвенционирани придонеси зголемени платите на 44.940 работници

Во просек платите на овие вработени се зголемени за 4.100 денари.

December 30, 2019 13:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите 44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемена плата. Во просек платите на овие вработени се зголемени за 4.100 денари.

-Оваа мерка дава одлични резултати, 44.940 работници во реалниот сектор добиле зголемување на плата со оваа мерка која законски е гарантирана и согласно со која работодавачите се ослободени од плаќање придонеси за зголемување на плата од 600 до 6.000 денари. За ноември просечно овие 44.940 работници добиле зголемување од 4.100 денари, рече на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Во реалниот сектор, додаде таа, има 490 илјади работници, така што овде зборуваме за зголемување на платите кај девет отсто од нив.

-Овие резултати покажуваат дека само за еден месец, период во кој се имплементира мерката, постигнавме половина од проекцијата која беше 20 проценти опфат на сите вработени. Тенденцијата на раст на плати продолжува и оваа мерка дава резултати, рече министерката.

Таа очекува до февруари бројката на работници кај кои е зголемена платата да се искачи на 20 проценти од вкупно вработените во бизнис-секторот.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, потенцира дека одобрувањето на субвенциите било мошне едноставно за работодавачите преку целосно автоматизиран процес.

– Во УЈП 422 работодавачи за октомври пријавиле зголемување на платите за своите работници за 6.584 лица користеле право на субвенции на придонеси во износ од 6.474 587 денари, додека за ноември оваа бројка е повисока и 7.613 работодавачи искористиле субвенции во висина од 77.573. 565 денари за 44.940 работници, информира Лукаревска.

Како што додаде, и при зголемување на минималната плата од 12.500 на 14.500, иако се пресметуваат и плаќаат исти придонеси, сепак е предвидено субвенционирање на придонеси пресметани на разликата на зголемувањето на платите.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија апелираше компаниите без страв и колебање да ја искористат оваа мерка и во образецот да ги обележат работниците за кои бараат субвенција.

-Фирмите најчесто се плашат дека потоа ќе имаат контроли или мислат дека ќе имаат обврски какви имаа со поранешните закони. Овој закон не прави притисок и товар, само олеснува, рече Димитров.

Појасни дека работодавачите со законот не се обврзани дали и натаму ќе ја зголемуваат или намалуваат платата, дали ќе се намали бројот на вработени. Нема да имате последици, немате никакви други обврски освен тоа што законот ве охрабрува да ја покачите платата, а придонесите кои се 42 отсто од нето зголемувањето го плаќа државата на фондовите и АВРМ, појасни тој.

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува до 20 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планиран 2 милијарди и 400 милиони денари. Барањата за субвенционирањето работодавачите ги поднесуваат преку месечната пресметна за интегрирана наплата до УЈП, каде проверуваат дали условите се исполнети и прават пресметка за износот на субвенционирани придонеси.

Субвенционирањето се врши директно во пресметката со намалување на износот на придонеси за плаќање. Пресметката на утврдување на износот на придонесите, како и намалување на износот на плаќање е целосно автоматизирана процедура со што работодавачите на наједноствен начин да можат да го остварат правото.

Next Post

Членот на Судски совет по кого трага полицијата, не се појавил на денешната седница

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk