Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ треба да ја замени пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски во Собранието, откако таа денеска поднесе оставка.
Според изборните листи, местото на Стаменковска-Стојковски како пратеник во законодавниот дом треба да го заземе Бојан Стојаноски, претседател на Унија на млади сили во ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров, затоа што тој е следен на изборната листа од Изборна единица 2.
Пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски е предложена за дополнителен заменик- министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, па поради тоа, денеска таа поднесе оставка, а Собранието ја констатира.
Б. Богдановска