ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата усвои Национална стратегија и Акциски план за борба против насилството врз децата

Во земјава, заштитата на децата од насилство во последните 15 години е ставено како приоритет на кој континуирано и систематски се работи преку подобрување на политиките, законската рамка и низа мерки и активности за унапредување на системот за превенција и заштита на децата од насилство.

January 3, 2020 12:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ги разгледа и усвои Стратегијата и Акцискиот план за превенција и заштита на децата од насилство во Република Северна Македонија. Националната стратегија (2020-2025) и Акцискиот план (2020-2022) ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и активностите што треба да се преземат и унапредат при превенција и заштита на децата од сите видови на насилство, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

И двата документи, велат од МТСП, биле подготвени од Националното координативно тело за превенција и заштита на децата од злоупотреба и занемарување. Во подготовката учествувале претставници од Министерството за труд и социјална политика и од други министерства, како и од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и други граѓански организации.

– Заштитата на децата од насилство претставува едно од основните права на секое дете. За жал, насилството останува да биде сериозна реалност за милиони деца во светот, оставајќи долгорочни последици врз нивниот развој, здравје и благосостојба. Кога станува збор за насилството врз децата мошне тешко е да се дефинира вистинскиот обем на проблемот, првенствено поради недоволното пријавување на случаите на децата жртви. Сепак, истражувањата спроведени во светот и кај нас покажуваат дека многу деца непотребно и тивко страдаат од насилство. Насилството се случува во дoмот и во заедницата и често останува нерегистрирано од страна на институциите одговорни за заштита на децата, се вели во соопштението.

Во земјава, велат од Министерството, заштитата на децата од насилство во последните 15 години е ставено како приоритет на кој континуирано и систематски се работи преку подобрување на политиките, законската рамка и низа мерки и активности за унапредување на системот за превенција и заштита на  децата од насилство. Покрај вложувањето  во мерките за заштита на децата од насилство преку законските измени и развивање на програми и услуги, преземени во изминатиот период, додаваат оттаму, во иднина неопходно е да се стави поголем акцент на превентивните програми и активности засновани на докази.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk