ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кои се вашите права при патување со авион?

Изгубен багаж, доцнење на авионот и неможност (од различни причини) да се качите во него. Ова се најчестите поплаки на патниците. Дел од нив веројатно си ги знаат правата и реагираат на вистинскиот начин, но што е со останатите?

January 4, 2020 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Патувањето со авион веќе не е „толку голем“ луксуз. Нискобуџетните компании нудат повратни билети некогаш и за максимум 20 евра, па полека како да се менуваат навиките на граѓаните. Тие сè почесто, седнати на компјутер, бараат дестинации на кои можат да заминат дури и за викенд.

Но, простор за проблеми има секогаш. Изгубен багаж, доцнење на авионот и неможност (од различни причини) да се качите во него. Ова се најчестите поплаки на патниците. Дел од нив веројатно си ги знаат правата и реагираат на вистинскиот начин, но што е со останатите?

– Патниците треба да знаат дека авиокомпанијата при доцнење на летот е обврзана да им обезбеди пијалаци, храна, бесплатни телефонски разговори и пристап до интернет. Доколку авионот не полета и по пет часа, патниците имаат право да побараат целосно да им бидат вратени парите за билетот. Во случаи кога одложувањата на летовите на авиокомпаниите се преку ноќ, патниците имаат право од авиокомпанијата да добијат и хотелско сместување и трансфери до хотелот, вели Татјана Тасевска, експерт во областа на потрошувачко право и соработник во Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Во случај да се изгуби багажот, патникот е должен со авионската карта тоа да го пријави во службата на самиот аеродром.

– Службата, пак, треба веднаш да отвори записник за непристигнат багаж, електронски да го лоцира и да почне постапка за трагање. Кога ќе се најде, багажот на патниците ќе им биде доставен на домашна, хотелска или друга адреса што е претходно посочена во записникот, нагласува Тасевска.

Доколку багажот и по седум дена не е пронајден, на патникот му следува максимален надоместок до 1.200 евра.

– Ако патниците сметаат дека им е нарушено кое било право, треба најпрво да поднесат претставка до авиокомпанијата. Авиокомпанијата е обврзана на патникот кој поднел жалба да му одговори во рок од шест недели по поднесувањето. Доколку авиокомпанијата не одговори на жалбата за шест недели или патникот не е задоволен од одговорот, може да пријави до Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВП) по електронски пат или по пошта. За пријавата, патникот пополнува формулар достапен на веб-страницата на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВП), објаснува Тасевска.

Таа како пример го посочува случајот од јуни 2019 година, кога 15 деца се обратиле до Организацијата на потрошувачи.

– Тие требаа да заминат на работа во Америка за време на летниот период. Беа околу 100, но компанијата со која требаа да полетаат пратила помал авион, па сите не можеа да се качат. Дел останаа да летаат следниот ден. Им дадовме совет веднаш да реагираат до авиокомпанијата и да побараат надомест на штета. Постапката се заврши на тоа ниво и веднаш, во рок од неколку дена на нивните трансакциски сметки беа исплатени 600 евра, вели Тасевска.

Според ОПМ, оваа година не биле чести поплаките на патниците за авиопревозот, а тие што ги добиле се однесуваат на доцнење на летот.

Next Post

(Видео) Јовановиќ: Да ги вратиме економските политики кои работат за граѓаните, не олигарсите

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk