ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

Целта на техничката министерка, како што вели, ѝ е да не се загрози европската перспектива на државава преку нарушениот предизборен период и поткупот на гласачи преку масовната партизација на администрацијата.

January 4, 2020 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителниот заменик – министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски денеска на првиот работен ден во Министерството соопшти дека ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период.

Таа посочи дека имаат сознанија за незаконски постапки при вработување и нејзината цел е да не се загрози европската перспектива на државава преку нарушениот предизборен период и поткупот на гласачи преку масовната партизација на администрацијата.

Според неа, тоа што вистински загрижува е нагласената партизација и десетиците отворени огласи за стотици нови вработувања во пресрет на изборите. Партизацијата, потенцира, е едниот проблем, но тоа што претставува вистински дополнителен проблем е токму непотизмот.

– Заразата од непотизам прави дисторзија на квалитетот на кадрите и дава шанса на роднините и пријателите пред сите други квалитетни кадри. Моето инсистирање на законито работење не е опструкција на политиката на вработување, туку напротив да ставам точка на непотизмот, неквалитетот и партизацијата во институциите. Тоа е и постулатот на моето работење – борба против непотизмот, партизацијата на администрацијата и време е во администрацијата конечно да дојдат квалитетни кадри кои се обучени и треба да ја водат Македонија напред кон Европската унија, рече Стаменковска Стојковски пред просториите на Министерството.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во нејзиниот тим ќе има шест лица, како што е согласно законот, тројца внатрешни и тројца надворешни лица.

Појасни дека денеска во Министерството ги виделе условите за работа, имаат обезбедно канцеларии, кои треба дополнително да се дополнат согласно потребите за работа на луѓето. Таа рече дека во моментов се задоволни од тоа што го добиле како простории и услови за работа.

 

– Веднаш не може да се направи ништо, ни треба барем некој период за да ги провериме сите претпоставки кои ги имаме за непотизмот, дел од кои ги објавив на неколку пресови претходно, за дел од нив сум говорела и на дебатни емисии, но тоа што можеме да го направиме во иднина е да ги проверуваме луѓето и да знаеме дека пред се избираме квалитет, додаде Стаменковска Стојковски.

Next Post

Приведен 44-годишен штипјанец, пронајдени неколку пушки, пиштоли, куршуми

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk