Педесет закони чекаат на собраниската агенда за усвојување а ќе има и предвремена ратификација на Протоколот за прием на нашата држава за членка на НАТО, јавува Телма..
Времето е кратко, останува само еден месец за расправа со оглед на фактот што на 12 февруари ќе се распишат предвремените избори. Првата седница во новата година е закажана на 14 јануари. Пратениците апелираат во наредниот период да се направи приоритетна листа на закони. Договор за законите за одбрана и за јавно обвинителство нема. Очекувањата се дека нив ќе ги донесе новиот парламентарен состав. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да се носат закони со голема тежина.
Целиот текст ТУКА