ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицко, кретенчуго!

Прашање е, се разбира, дали е вмро-дпмне нацистичка партија. Интересно е тоа што во кретенското производство на морална паника од курово влакно, тоа прашање никој не го покренува. Јас мислам-да!

January 7, 2020 20:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Да ја обвиниш владата дека шири „омраза кон државата Израел и Еврејскиот народ“, а мојата другарка Видана за антисемитизам, е поодлепено и пострашно отколку да го обвиниш папата дека секоја вечер уринира врз распетието на Исус и до три сабајле врши сатанистички ритуали против Христа. Или ајатолахот Хамнеи да го обвиниш дека наместо врз Куранот, се моли врз Рок енциклопедијата на Тошо Филиповски. На Хју Хефнер да му кажеш дека е женомрзец, а на Елтон Џон мажомрзец, на Пако Де Лусија дека не поднесува гитари. Да кажеш дека секој вморон во тајност го слуша Бетовен и држи мала икона од великанот под душекот, да не би да го фати некој кодош како што овие ја фатија Видана. Тоа е како да го обвиниш Натењаху и израелската влада дека секое попладне играат фудбал на мали голчиња со јаката екипа на Хезболах, некаде во Јужен Либан.

И така натаму.

Негативниот став во однос на тоа што една Еврејка упаднала во нацистичка партија е проеврејски став кој ја издигнува колективната чудоредност на еврејскиот народ над правото на поединецот да му се покакува, но не против самото право да се биде на спротивната страна. И двата аспекти се содржани во статусот на Видана на начин кој не дозволува дебата. Освен кога некој луд ќе помисли дека има нешто да каже.

Прашање е, се разбира, дали е вмро-дпмне нацистичка партија. Интересно е тоа што во кретенското производство на морална паника од курово влакно, тоа прашање никој не го покренува.

Јас мислам-да, но не на начин на Работничката партија на Адолф, туку на прост балкански начин на омраза, помалку како медиум за уништување на другиот, а повеќе како инструмент за сопствена кретенизација и самоубиство.

Ги оставам настрана сите ситни свињарии во врска со оваа форсирана и глупантропска расправа и се зафаќам со најголемата свиња.

Зашто единствено во нејзините надежни чварки и квичења со политичка амбиција, бесмислата  може да добие некаква смисла.

Зборовите во наводниците од почетокот на овој текст ги рекол Мицковски. Јас не знам дали Христијан е кретен, но знам, апсолутно знам, дека такви работи можат да му паднат на памет само на тешка кренетчуга, вооружена со амбициозност. Или на злобата која на некој начин стигнала да се вообличи во човеколкост.

Значи, не на злобен човек, туку на злобата како античовечност.

Што можеме да заклучиме од ова просерување!? Освен дека за чипирианите идиоти тоа е манифестација на христијанољубието за време на божикните празници!?

  1. ВМРО-ДПМНЕ е како пијанист на кого некој му ја украл партитурата, па не знае што да прави, се слекува на сцената и со усраните гаќи си го брише оросеното чело и продолжува да свири.
  2. Комплетната идеолошка основа му е растурена во парампарчиња и тие се како автомобил кој на сто ѕвездени години од Македонија, останал без фотони. Па тураат мочка и се трудат на мочен погон, не да стигнат до целта, зашто тоа е невозможно, ним им е тоа јасно, туку да продолжат да се движат.
  3. Името, уставот, знамето, Европа, химната, Дино Мерлин и Бранко Тричковски, воздухот, водата и огнот, сѐ е тоа решено така како што тие не би сакале да биде решено. Катастрофа.
  4. И затоа е оваа хистерија ни из чега. Антисемитизам! Еј! Да не се чепкаме во историската бара. Во тие плитоци ќе ги најдеме идејните браќа на  партиските пријатели на новата министерка на страната на оние кои помагале да се соберат македонските Евреи на патот за Треблинка, им мавтале со бели марамчиња и брзале да се вратат во нивните куќи, го корнеле патосот во потрага по злато и пари и оџаците, исто така, тоа не треба да се заборави, но актуелниот крик на лудаците не е само сквернавење на тоа сеќавање туку и бездушно потценување на историската меморија на Еврејскиот народ. Просто неподнослива работа.
  5. Се сеќавате дека во врска со концертот на Дино Мерлин бевме наречени шапшали сите кои во тоа време не сме ја слушале Чија си. Нашата. Што е „мал“, „симпатичен“ облик на нацизам.
  6. Шпанија формира влада и Македонија влегува во НАТО. Тоа е исто како на вморонот да си му го пресекол курот.
  7. Во Хрватска победи Милановиќ. Контра една популистичка Чиколинда, против една неверојатна  приземност и  усташоидност. Тоа е важен индикатор за регионот. И смртоносна вест за вмро.
  8. Во март се очекува датум за преговори со ЕУ или макар позитивно отчепување.
  9. Таа разлика меѓу проповедта и стварноста станува неиздржлива за нас нормалните, но понеиздржлива е за идиотите.
  10. Кикифрики бил шокиран од антисемитизмот. Се изненадив, затоа што знам дека се уште никој не го седнал на електрична столица!
  11. Идат избори, а  тие ударнички работат да ја профилираат власта како безалтернативна категорија.
  12. Очекувам од еврејската заедница во Северна Македонија да го изрази својот протест против вакво сквернавење на поимите, на идентитетот, на имагинариумот и на чудоредноста на еврејскиот народ, од еден епски кретен на кој лудоста на историјата и на времето и на еден друг народ, за жал,  му дале да води една партија,
  13. Среќен Божиќ.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk