Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата, кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ.
Минимална промена ќе има кај малопродажната цена на бензините. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар и ќе се продава за 68 ден/лит, додека кај ЕУРОСУПЕР БС-98 нема промени останува на 70 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,5 ден/лит.
Зголемување има кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 38,548 денари за килограм.




