Иранската национална телевизија објави видео од балистичкиот ракетен напад врз американски воени бази во Ирак каде според нив се убиени најмалку 80 „американски терористи“.
Пентагон потврди дека ракети биле лансирани од Иран врз две бази во Ирак со американски војници но за сега без податоци за евентуални жртви.
Нападот е одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.
Иранската државна телевизија објави дека во нападите врз двете бази во Ирак, Ирбил и Ајс ел Асад, се убиени најмалку 80 „американски терористи“.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф посочи дека Иран презел пропорционални мерки во самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН и врз основа на тоа од каде е извршен „кукавичкиот напад“ против иранските државјани.
– Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме од агресија, напиша Зариф на Твитер.
Пред да се соопштат податоците за евентуални жртви, се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој напиша на Твитер дека ракетите се лансирани од Иран на две воени бази во Ирак.