„Гласот на младите“ е рубрика отворена за сите кои сметаат дека треба да истапат јасно и гласно за да го кажат својот став и своите размислувања за сè што ги брка од своите домови и се разбира да сугерираат што треба да се направи за да се исполнат сите неопходни услови кои ќе им овозможат да се остварат во својата земја, објавува НОВА ТВ.
Во декадата во која што влеговме еден од најголемите предизвици за македонското општество ќе биде како да се задржат младите генерации во Македонија. Ќе треба да се најдат одговори, а потоа и капацитети за институционални реформи кои ќе овозможат на младите талентирани и образовани луѓе да ги реализираат своите потенцијали дома, во Македонија. Во спротивно, Македонија како мала држава ќе се најде загрозена ако продолжи актуелниот тренд на иселување со што во прашање ќе биде доведена супстанцата и највиталните ткива на македонското општество, истакнуваат од НОВА.