СДСМ на 12 јануари ќе одржи програмска трибина „Агенда Култура 20-24“ во Музејот на современа уметност со почеток во 13 часот. На настанот ќе се обратат: Валентина Поцеска, советник конзерватор, Никола Ефтимов, моден дизајнер, Виолета Качакова, проектен менаџер, ЗГ Локомотива, Доц. М-р Владимир Павловски, филмски монтажер, Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, претседател на Комисија за култура
„Културата е неопходна за квалитетен и исполнет живот во секоја држава. Токму затоа, вашите интереси се неопходни за креирање на нашата програма. Заедно да ја креираме програмата со која во следните четири години ќе го подобриме квалитетот на живот и ќе придонесеме за развој на уметноста“, велат од партијата.