По сторијата на телевизија Телма за животната приказна на Ванчо Спасовски од Куманово, го контактиравме и ги направивме сите потребни прегледи, напиша министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил.
Неговата здравствена состојба е во ред и во текот на наредните денови ќе му биде изведена интервенција, со што ќе го отстраниме израстокот кој го има 10 години на неговото лице. Тажната животна приказна на Ванко има среќен крај. Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија ќе му ја пружи целосната здравствена заштита и нега, потенцира министерот Филипче.
Ванчо Спасовски од Куманово има дом, но и освен што се грижи за себе, тој се грижи и за други. Помага во домот на Лилјана Ратковиќ, готви и се грижи за неа. Тажната приказна за неговиот живот сега добива нов почеток.
За Божиќ посакува да има поспокоен живот и да го острасни израстокот на лицето. За тоа потребни му се 1.800 евра, пари кој тој сега ги нема а не може да ги добие од Фондот за здравствено осигурување бидејќи е непријавен, се вели во прилогот на ТВ Телма, по кој реагираше министерот за здравство Филипче
Ј. Ѓ.