Во дербито од Премиер лигата Ливерпул на гостински терен го совлада Тотенхем со 0:1. Тимот на Ливерпул не престанува да руши рекорди. Ливерпул има освоено 61 од можни 63 поени после 21 одиграни натпревари. Ова никогаш не му успеало на ниту еден друг тим во петте најсилни лиги.
Ливерпул е во водство, второпласираниот Лестер има 16 поени помалку, а третопласираните Манчесстер Сити се со заостанување од 17 поени.
Каква е доминацијата на Ливерпул и што прави Јирген Клоп од момците од Мерсисајд најдобро илустрира денешната фотографија.
Голот вреден три бода на вечерашниот меч со Тотенхем го постигна Роберто Фирмино во 37.минута.
Табела: Ливерпул 61 бод (21 натпревар), Лестер 45 (22), Манчестер сити 44 (21), Челзи 39 (22), Манчестер јунајтед 34 (22)
Ј. Ѓорѓиоски