ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонската репрезентација против Чешка за пласман во следната фаза на ЕП

Македонската репрезентација со победа ќе се пласира во следната фаза од континенталното натпреварување, а со пораз ќе ја искомплицира ситуацијата пред дуелот од третото коло со домашната селекција на Австрија. „Жолто-црвените“ забележаа победа во првото коло над Украина со 26-25, додека денешниот наш противник исто така имаше победнички старт, откако го совлада домаќинот Австрија со 32-29. Статистиката е на страна на Чешка, која има шест победи, Македонија петпати остварила победа, а три средби завршиле без победник

January 12, 2020 12:51
in СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево од 16 часот во „Штад Хале“ во Виена го игра мечот од 2. коло на Европското првенство против Чешка, пренесе МИА.

Македонската репрезентација со победа ќе се пласира во следната фаза од континенталното натпреварување, а со пораз ќе ја искомплицира ситуацијата пред дуелот од третото коло со домашната селекција на Австрија.

„Жолто-црвените“ забележаа победа во првото коло над Украина со 26-25, додека денешниот наш противник исто така имаше победнички старт, откако го совлада домаќинот Австрија со 32-29.

Статистиката е на страна на Чешка, која има шест победи, Македонија петпати остварила победа, а три средби завршиле без победник.

Дуелот ќе го судат Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик од Шведска.

Десниот бек Мартин Велковски вчера во изјава за новинарите посочи дека македонските ракометари мора повеќе да ризикуваат, да ја преземаат одговорноста, за да бидат поопасни за противникот.

– Добро се познаваме со Чешка, нема тајни и верувам дека можеме да играме против нив, изјави бекот на Еурофарм.

Пикерот Жарко Пешевски пак очекува груб дуел, со малку голови.

– Голманите ќе имаат клучна улога. Често играме против Чешка и добро се познаваме. Сигурен сум дека ќе треба подобро да играме од натпреварот со Украина, за да ги победиме, изјави Пешевски.

Next Post

Хакирана страницата на Централниот регистар, фрчат закани и обвинувања

НАЈНОВО

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025
Фото: Амбасада на Јапонија

Јапонската култура во Македонија: Почнуваат Деновите на филм и анимација во Скопје и Битола

November 4, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Австралија воведува програма за бесплатна соларна енергија за домаќинствата, дури и без соларни панели

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk