Автомобилот кој го користел претседателот Стево Пендаровски, а министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, побара да се врати во МВР, бил во претседателскиот кабинет уште кога Ѓорге Иванов ја извршуваше функцијата, дознава А1он.
„Откако Пендаровски дојде на функцијата, тој не побарал ново или дополнително возило, ниту пак, Министерството за внатрешни работи му доделило на користење нов автомобил.
Ако се точни тврдењата на министерот Наќе Чулев и ВМРО-ДПМНЕ, дека службените возила на МВР се користеле за приватни потреби, тогаш злоупотреба правел и експретседателот Ѓорге Иванов, што значи дека автомобилот, и за време на неговиот мандат се користел за приватни потребни. Засега, Чулев во јавноста, освен тврдењата, не објави докази дека возилата биле злоупотребени.“, се вели во прилогот на А1 он, кој во целост можете да го прочитате тука.