ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК го добила барањето од Чулев во врска со одлуката за назначување шеф на СВР – Скопје

ДИК утре ќе одлучува за одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска.

January 13, 2020 16:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го доставил барањето за мислење до Државната изборна комисија (ДИК), во врска со одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска, потврдија за МИА од ДИК.

Седницата ќе се одржи утре, а ДИК дополнително ќе соопшти за терминот.

Според Чулев, проблематизирањето на изборот на Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите.

Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска во изјава за МИА вели дека таа не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје и оти се одлучила на овој чекор бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.

Согласно Законот за влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада потребни се два потписа, односно тие имаат врзани потписи.

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна, во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до односното Министерство. Одлуката на ДИК е конечна.

Една седмица по изборот на новата техничка влада почнаа кадровските промени, согласно Пржинскиот договор. Во МВР во петокот беа назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменици раководители на сектори и оддели, согласно член 44 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Сепак, министерот Чулев и дополнителната заменик министерка Петровска не се договорија за позицијата раководител на СВР Скопје.

Next Post

Џафери: Немам проблем со поништувањето на лустрацијата

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk