ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗШВ: Притисоците и уцените беа одлика на ВМРО – ДПМНЕ која сега го брани и криминалот

МЗШВ наведува дека нема да штити криминал и дека институциите работат и ќе работат согласно пропишаните закони.

January 13, 2020 14:04
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Цветан Трипуновски

Цветан Трипуновски

Share on FacebookShare on Twitter

Измислениот случај за наводни притисоци е само уште еден обид на ВМРО – ДПМНЕ да го заштити криминалот, оцени Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски во врска со вчера објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“.

МЗШВ наведува дека нема да штити криминал и дека институциите работат и ќе работат согласно пропишаните закони.

-Интересот на граѓаните и на земјоделците е наш врвен приоритет. Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците преку континуираните отворени средби со нив, преку консултации за секоја мерка што треба да се носи, решавање на секој проблем поединечно. Притисоците не се одлика на МЗШВ овие три години, како што тоа беше претходно во Владата на ВМРО – ДПМНЕ.  Во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“, јасно се слуша дека нема закани и притисоци од страна на советникот на министерот Трајан Димковски, туку добронамерно укажување и советување до лицето од разговорот да ја врши својата работа согласно законот, велат од Министерството.

Воедно потсетуваат, како што соопшти вчера и министерот Трајан Димковски, дека лицето со кое разговара Мојовски на снимката е инспектор директно задолжен да го следи концесионерот на Охридското Езеро, обврска што, всушност, не ја исполнил.

-Во декември минатата година стигна допис од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во кој се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на Државниот инспекторат Охрид и Струга и на концесионерот на Охридското езеро „Летница –Белвица“ во делот на контролите за откривање и спречување криминал. Центарот алармирал дека токму концесионерот има вработени лица за стопански риболов кои се познати сторители на кривични дела како шпто се незаконски риболов и недозволена трговија со дрога. Овие лица го злоупотребиле стопанскиот риболов и со помош на необележани пловни објекти за стопански риболов учествуваат, помагаат и овозможуваат извршување на кривични дела, криумчарење на марихуана и риба преку сината граница на крајбрежјето на Охридско езеро. Токму посоченото лице во аудио снимката е директно задолжено и одговорно во име на Државниот инспекторат за земјоделство, а со тоа и за концедентот Република Северна Македонија, и согласно договорот за концесија, да го следи концесионерот и да презема соодветни мерки за почитување и исполнување на обврските од договорот. МЗШВ навремено за случајот ги извести сите надлежни институции Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарен инпсекторат, Трудов инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се извршат итни инспекциски контроли на терен, стои во реакцијата на МЗШВ по прес-конференцијата на Трипуновски.

Next Post

ЗНМ: Институциите итно да постапат за заканите кон Јордановска и Коровешовска

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk