ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗНМ: Институциите итно да постапат за заканите кон Јордановска и Коровешовска

Според ЗНМ, загрижува фактот што во двата случаи заканите содржат елементи на родова дискриминација, а ваквиот притисок кон жените новинари е сериозна пречка за слободата на изразување, слободата на медиумите и правото на граѓаните да бидат информирани.

January 13, 2020 14:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон уредничката на „ТВ Алфа“, Искра Коровешовска од страна на лицето Емил Јакимовски. Ова е истиот заканувач кој неодамна на сличен начин испрати закани и до новинарката Мери Јордановска.

Според ЗНМ, загрижува фактот што во двата случаи заканите содржат елементи на родова дискриминација, а ваквиот притисок кон жените новинари е сериозна пречка за слободата на изразување, слободата на медиумите и правото на граѓаните да бидат информирани.

ЗНМ, како што се наведува соопштението, е во контакт со Министерството за внатрешни работи за двата случаја.

– Од МВР ни беше ветено дека ќе работат на целосно расчистување на овие напади. Го повикуваме и Основното јавно обвинителство да одигра активна улога во насока на брзо истражување на заканите со цел да се превенираат слични случаи во иднина. Неказнивоста на ваквите дела ја доведе земјата на 95 место на светскиот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, затоа апелираме на брзо и ефективно процесуирање на овие предмети. Ги охрабруваме колегите да не подлегнуваат на ваквите закани и навреди и истите да ги пријавуваат во ЗНМ, со цел да се крене свеста пред граѓаните дека насилството кон новинарите е недозволиво, но и да се мотивираат надлежните институции активно да ги штитат нашите колеги, наведува ЗНМ.

Овие закани, дополнува Здружението, треба да бидат дополнителен мотив за Министерството за правда и Собранието на РСМ за измена и дополнување на Кривичниот законик преку кој ќе се гарантира поголема безбедност и сигурност за новинарите и медиумските работници.

Next Post

Кирацовски: Освен ВМРО-ДПМНЕ, поништувањето на лустрацијата го опструираат и ДУИ и ДПТ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk