ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Казна од 500 евра за напуштање миленик

За да го намали бројот на бездомни кучиња, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на општините ќе им ги донира микрочиповите за милениците што останаа од бесплатната акција чиј рок беше пролонгиран и заврши на 31 декември. АХВ воедно ја разгледува и можноста, покрај микрочиповите, да подели и ваучери.

January 14, 2020 13:22
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 74.260 домашни миленици се микрочипирани заклучно со 31 декември 2019 година. Од нив, 71.076 се кучиња, 3.183 се мачки, а има и една ласица. За да го намали бројот на бездомни кучиња, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на општините ќе им ги донира микрочиповите за милениците што останаа од бесплатната акција чиј рок беше пролонгиран и заврши на 31 декември. АХВ воедно ја разгледува и можноста, покрај микрочиповите, да подели и ваучери.

Како што соопшти директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов, ќе се настојува да се зголеми и соработката со здруженијата за заштита на животните, особено во делот на стерилизацијата/кастрацијата на бездомните кучиња.

– Стерилизацијата/кастрацијата е предложена со измените во Законот за благосостојба на животните кој моментно е во собраниска процедура. Законот предвидува и зголемување на ингеренциите на комуналните инспектори со што би се интензивирале контролите во однос на одговорното сопствеништво – објасни Атанасов.

Додаде и дека со законските измени се предлага забрана за продажба на миленици на малолетни лица.

Според директорот на АХВ, проблемот со бездомните кучиња е децениски и не може да се реши за две – три години.

Лани првпат беше изречена парична казна од 500 евра за напуштање миленик.

Акцијата за бесплатно микрочипирање на милениците почна во септември 2018 година. Требаше да заврши на 31 март 2019, но се пролонгира до 31 декември 2019. Од 1 април, кога стартуваше продолжениот рок, аплицирањето на микрочиповите почна да се наплаќа по 200 денари.

Next Post

Принова во ЗОО Скопје - ќе ѝ го дадат името Атиџе

НАЈНОВО

Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити? Буџетот за 2026 под лупа

October 29, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk