Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад.
На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашниот развој на пријателските односи и соработка меѓу двете земји, при што министерот Димитров се заблагодари за континуираната поддршката од Норвешка за евроатлантската иднина на Северна Македонија и реализацијата на нашата значајна стратешка цел – извесното членство во НАТО. Истакна и дека високо се цени од македонска страна присуството и ангажманот на Норвешка не само кај нас, туку и во целиот регион, во контекст на неговото приближување кон европските стандарди и вредности.
Амбасадорот Јелстад ја реафирмираше поддршката на Норвешка за реализација на нашите стратешки приоритети, преку постигнување на неопходните стандарди во насока на интеграција на Северна Македонија во НАТО и во Европската Унија, подвлекувајќи дека како и досега, ќе продолжат со билатералната поддршка на бројни проекти, коишто се тесно поврзани со ЕУ пристапниот процес.