Европската фудбалска федерација УЕФА на својата официјална веб-страница го претстави симболичниот тим на годината по резултатите од сезоната 2018/19. Во него најмногубројни се играчи од европскиот шампион Ливерпул, пренесе МИА.
Тимот е избран со гласање на читателите на веб-страницата на организацијата.
Во идеалниот тим на УЕФА за сезона 2018/19 се најдоа:
Голман: Алисон Бекер (Ливерпул);
Дефанзивци: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Матијс де Лихт (Ајакс /Јувентус), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Ендру Робертсон (Ливерпул);
Среден ред: Френки де Јонг (Ајакс /Барселона), Кевин де Бруин (Манчестер сити);
Напаѓачи: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Садио Мане (Ливерпул).